Print Friendly, PDF & Email

Поздравен говор


Thomas Gerberich

Томас Герберих

Амбасадор на Сојузна Република Германија до Република Северна Македонија

Како професионални организатори со вешта комбинација од саемски изложби и конференции, чија цел е да го поплочат патот во насока на енергетско снабдување базирано на обновливи енергии, RENEXPO е уникатна бизнис платформа за вмрежување, која ја промовира зелената економија и одржливите развојни цели.

Откако во 2014 година саемите на RENEXPO станаа водечки на Западен балкан, кога за прв пат овој саем се најде во Белград и Сараево, сега за прв пат ќе се најде во Скопје. Овој настан ја покажува важноста на регионот на Западен Балкан и конкретно на Северна Македонија за германските инвеститори. Ова нема да биде само изложба на важни компании и нивните напредни технологии, туку и ќе ги собере на едно место заинтересираните страни во пронаоѓање на можности за соработка, инвестирање и иновации на пазарот со висок потенцијал на Северна Македонија. И за крај, овие инвестиции ќе бидат поддршка во креирање на цврста економска основа за идни економски реформи и најмалку до што ќе доведе е поттик на луѓето да останат во земјата.

Германија е најважен трговски партнер на Северна Македонија. Билатералната трговска размена до крајот на годината ќе достигне преку 4 милијарди евра, и оваа бројка постојано ќе расте. Исто така, повеќе од 200 компании со германски капитал имаат вработено повеќе од 20 000 луѓе во државата и бројни локални компании веќе имаат трговска размена и деловни контакти со Германија или се дел од големите германски брендови. Да не ја заборавиме германската техничка и финансиска поддршка низ програмите на GIZ и проектите финансирани од страна на банката KfW.

Исто така RENEXPO сега ќе стане нов и важен дел од успешната билатерална економска соработка: ќе учествува во зачувувањето на германските партнерства и врски и ќе го промовира германското стручно знаење, индустрија, развојна поддршка и инвестиции во западнобалканските држави. Фокусирајќи се на Северна Македонија и нејзините соседи, RENEXPO исто така ќе придонесе во подобрувањето на регионалната соработка и ќе ги промовира одржливите и бизнисите ориентирани кон иднината, како што е производството на опрема за употреба во системите за хидроцентрали и индустрија за управување со води.

Како важен партнер Германија ќе ја поддржи Северна Македонија на нејзиниот понатамошен пат кон просперитетна но и зелена економија.

Томас Герберих

Амбасадор на Сојузна Република Германија до Република Северна Македонија