Print Friendly, PDF & Email

Renexpo® NMK

Најголемиот меѓународен саем со конференции во Северна Македонија, RENEXPO® NMK, ги собира на едно место 1.200 експерти за енергија и вода во Скопје.
Повеќе од 60 излагачи од 15 земји се среќаваат со 1.200 меѓународни посетители. На конференцијата ќе се претстават земјите: Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Србија и Mакедонија, а исто така ќе бидат присутни на конференциите, Б2Б средбите и во изложбениот простор од 2.000 m².

Темите: хидроенергија, ветерна енергија, биоенергија, енергетска ефикасност, управување со отпадни води, системи за водоснабдување, фотоволтаици и цврст отпад ќе бидат во фокусот на саемот, конференциите, тркалезните маси, работилниците и споредната програма.

Бизнис салон за инвеститори – Сопственици на повеќе од 100 инвестициски проекти се среќаваат со инвеститори од цела Европа на Б2Б средби.

Адреса за достава на брошури/опрема/материјали

Fersped A.D. Skopje
Hotel Aleksandar Palace
Address: Bul.Oktomvriska Revolucija br. 15
1000 Skopje, North Macedonia

За RENEXPO® NMK 2019:

Бизнис салон за инвеститори – Б2Б средби на сопственици на повеќе од 100 проекти со инвеститори од цела
Европа. Резервирајте Б2Б средба: pavlovic@reeco.eu

Важни факти за RENEXPO® NMK:

  • 60 излагачи, 1.200 посетители, 400 учесници на конференции
  • Платформа за ефикасно вмрежување и активно посредување со потенцијални деловни партнери и контакти.
  • Високо ниво на прифатливост во целокупната индустрија за енергија и хидроенергија во Европа.
  • Силни партнери
  • Конференции и семинари што се одвиваат истовремено
  • 100% специјализирани посетители на саемот
  • Одлична цена за посетителите, учесниците на конференциите и излагачите
  • Привлечна придружна програма: Отворање со разговор за енергијата, награди и многу други работи.